Марјан Илиевски: Мило ми е што Пелистер покажува дека е фактор во АБА 2!

144

Пелистер денеска го забележа првиот пораз во АБА 2. Битолчани досега имаа перфектен скор, само победи, но попладнево во Сараево тие беа поразени од тимот на Широки со 83:73.

По натпреварот тренерот на нашиот претставник Марјан Илиевски изјави:

“Мечот од почетокот најави дека ќе бидеме израмнети, иако бевме подобри на отворањето. Направивме мали грешки, па противникот не стигна. Мило ми е што Пелистер веќе покажува дека е некој фактор во оваа лига бидејќи билансот 2/0 од првиот турнир го принуди противникот да не се опушта во текот на сите 40 минути“ рече Илиевски.

Во продолжение додаде дека и покрај поразот им честита на своите играчи:

Единствената замерка за играчите ми е отворениот шут за тројка, во се друго бевме подобри од Широки и сакам да им честитам на моите кошаркари“, изјави Илиевски.

ПретходноГолови на ЕП: Сара Ристовска во ТОП-10! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Шпанија си ја “мачка“ Костарика! (ВИДЕО)