Моќно, моќно издание на селекцијата на Шпанија на стартот од Мундијалот. На својот прв меч во Катар, во меч од групата – Е, избраниците на Луис Енрике со 7:0 ја победија Костарика. Фуриозна е оваа “Фурија“, младите “лавовите“ на Шпанија си поигруваа со сиротите Костариканци кои на теренот делуваа како да се паднати од небо.
И покрај головите, треба да се каже дека Шпанците имаат барем уште толку шанси за да ја „распарчат“ до крај селекцијата на Костарика.
Гол – серијата ја започна Олмо во 11.минута, потоа по десет минути стрелаше Асенсио, па Феран Торес во 31.минути погоди од пенал за 3:0, резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме и натаму гледавме рапсодија на момците во црвено, а со голови ја зачинија Феран Торес уште еден и младиот Гави, па и Солер во 90.минута. Но тоа не беше се, Мората со гол зголеми на 7:0.
Каква e оваа Шпанија? Блескава, нема што!
Па сега нека му ја мислат Германците кои поразот од Јапонија сега мора да ја победат моќната Шпанија за да се пласираат во 1/8 финалето.
Дали тоа ќе биде (не)возможна мисија за Германија?