Навивачите во Катар со луди идеи, на секој начин се обидуваат да внесат алкохол!

550

Алкохолните пијалоци и натаму се главна мака на фановите кои пристигнаа во Катар да ги бодрат своите репрезентации. По забраната за алкохол на стадионите, навивачите на Англија дојдоа до идеја како да шверцуваат алкохол на стадионите.

Низ социјалните мрежи кружат фотографии од лименките со пиво со налепница од Кока-Кола, други пак предложија лубеница да се наполни со алкохол.

Единственото место каде што навивачите можат да пијат алкохол е фан зоната во центарот на Доха, каде што се продава само Бадвајзер по цена од речиси 12 долари, што пак е прескапо за дел.

Во Катар има строги закони кога станува збор за алкохолот, нешто што предизвика револт кај навивачите, во јавноста не смее да се биде пијан, тоа е кривично дело. И покрај протестите особено на Англичаните, сепак одлуката да се точи алкохол на стадионите остана непороменета.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Модриќ и другарите против Мароко, ќе ги видиме и Германија, Шпанија и Белгија!
СледноЈокиќ се врати, одржа час по кошарка, но Хрватот излезе како победник (ВИДЕО)