Не го заборава стариот клуб: “Какво изненадување“ – Барди во посета на Леванте! (ВИДЕО)

4706

Енис Барди уште еднаш покажа дека е господин, дека е фудбалер и пред се човек, кој не заборава на својот стар клуб и стари пријатели.

Македонскиот репрезентативец, инаку сегашен член на Трабзон, деновиве е на одмор во Шпанија, и нормално беше да го посети својот стар клуб Леванте, каде мина прекрасни пет години и каде што играше до пред некој месец. 

Леванте на своите социјални мрежи се пофали со зборовите – “Какво изненадување“, по денешната посета на тренинг центарот на клубот од Валенсија од страна на Енис Барди.

ПретходноТриумф над Сан Марино за финиш на квалификацискиот турнир
Следно“ЛУДИЛО“ во Катар: Самураите ја “СКРШИЈА“ Германија! (ВИДЕО)