Пеп Гвардиола ќе остане на клупата на Манчестер Сити. 51-годишниот стратег и раководството на премиер-лигашот договорија нова двегодишна соработка, со што значи дека во овој тим ќе остане девет години, во Сити дојде во 2006 година.
„Среќен сум што останувам во Манчестер Сити уште две години“, изјави Гвардиола и додаде:
„Сè уште имам чувство дека може повеќе да постигнеме заедно и затоа сакам да останам и да продолжам да се борам за трофеи. Не можам да им се заблагодарам доволно на сите во клубот што ми веруваа.
Од првиот ден почувствував нешто посебно што сум овде. Не можам да бидам на подобро место“, се зборовите на Пеп.
The Journey Continues…
We’re delighted to announce @PepTeam has signed a new two-year contract ✍️ #ManCity pic.twitter.com/FI41S0j5OH
— Manchester City (@ManCity) November 23, 2022