ПМФЛ-16 КОЛО: Дербито во Кратово се игра в сабота, сите останати мечеви во недела!

963

Во Катар се игра СП, а кај нас за претстојниот викенд, по двонеделна пауза, се закажани натпреварите од 1.коло во ПМФЛ. Дербито се игра во Кратово, каде Силекс ја дочекува Струга Трим Лум, и овој меч се игра в сабота од 13 часот, додека сите останати натревари се играат во недела исто од 13 часот.

А се среќаваат Скопје – А. Пандев, Шкендија – Тиквеш, Работнички – Македонија ЃП, Победа – Шкупи додека екипата на Брегалница е слободна.

На три кола до крајот Струга ТЛ и натаму е прва со 30 бодови, втор е Шкупи со 25, Шкендија има 24 а Силекс 23. Значи Струга ТЛ би можела уште викендов да стане есенски шампион.

ПретходноВо јапонски цртан филм пред 10 години е предвидена победата над Германија со 2:1 (видео)
СледноСпектакл на Арената: ЕДЕН е Вардар, а Комити се ЗАКОН! (ВИДЕО +ФОТО)