Пораз број четири за ТФТ во АБА2-лига!

77

ТФТ не успеа ниту во четвртиот обид да дојде до дебитанската победа во АБА2-лига. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија беше поразен од фаворитот Крка со убедливи 93-83.

По една добро одиграна прва четвртина во која македонскиот тим поведе со 2-7, а по истекот на истата водеше со 18-21, целосно го промени ритамот на средината во следниот период. Во овој дел Крка имаше осум загубени топки, па избраниците на Боро Смилковски максимално го користеше тоа. 

По 16-27 следеше пад во редовите на ТФТ. Крка во еден здив ја стопи предноста на противникот, со серија од 29-4 поведе со двоцифрени 45-31 на стартот на третата четвртина. Од овој момент веќе беше тешко за тимот од Тафталиџе, на истекот на 30. минута негативата изнесуваше минус 17 (71-54).

Андерсон со 20 поени и 6 скока беше прв стрелец кај ТФТ, Батрик запиша 12, еден помалку имаше Ташовски.

Не се промени ништо во продолжение, Крка не дозволи изненадување. Шансата за прва победа ТФТ ќе ја бара на следниот дуел против Слога за два дена, последен од „балонот“ во Сараево.

ПретходноКога коментаторот ќе „ПОЛУДИ“! (ВИДЕО)
СледноХит видео од Белград: Србија ќе го победи Бразил со 3:0, а Нејмар ќе ПЛАЧЕ како бебе! (ВИДЕО)