Тренерот со кој Вардар за првпат се искачи на тронот на Европа ќе го напушти ПСЖ. Раул Гонзалес во редовите на францускиот првак дојде во 2018 година, а оваа сезона ќе биде последна за него.
Нова дестинација на „Ел Команданте“ ќе биде Пик Сегед, велат неофицијалните информации. Хуан Карлос Пастор заедно со Марко Кривокапиќ по завршување на сезоната ја завршуваат својата мисија. Па број еден кандидат е токму Гонзалес, како второ име кое се споменува е актуелниот тренер на Динамо Букурешт и селектор на Ронамија, Хавиер Пасквал.
Останува да видиме дали Раул навистина ќе се раздели со ПСЖ, тим кој се уште сонува за титулата во Лигата на шампиони.