Сериозни обвиненија од Шпанија: Меси доби милиони од С.Арабија!

999

Целиот свет беше во шок по поразот на Аргентина од Саудиска Арабија од 2-1. „Гаучосите“ рано поведоа со голот на Лионел Меси, но потоа примија два погодоци за пораз на стартот на Мундијалот во Катар.

Шпанските медиуми за поразот на Аргентина прстот го посочија кон Меси, тврдат дека токму тој е причината поради која неговата земја не дошла до победата.

„Шокантната победа нас не тера да се запрашаме не сако како Аргентина е поразена од вториот најефтин тим на СП, туку како Саудиска Арабија ја заврши низата од 36 порази во низа против Аргентина на Меси, тим кој треба да го освои Светското првенство. Во сето ова изгледа дека Меси е најголемиот промотер на С.Арабија“, пишува АС и додава:

„Во мај, најдобриот фудбалер во светот потпиша договор за промоција на С.Арабија. Но, не може да не се примети дека С.Арабија го сака СП 2030 година“.

„АС“ потенцира дека Меси добил пари за да го „испере“ лошиот имиџ на оваа земја.

„Маркетиншкиот договор на Меси во кој тој добива неверојатна сума пари е за да ја промовира земјата и  да го „испере“ на имиџот на земјата, како прикривање на кршењето на човековите права, вклучувајќи го и убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, кршењето на правата на жените, правата на ЛГБТ и правата на сите кои се против првиот човек на државата Мохамед бин Салман“, се нагласува во текстот.

Аргентина заедно со Парагвај, Чиле и Уругвај се обидува да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година, а „Ас“ во текстот наведува дека според договорот потпишан со Саудиска Арабија, Меси би можел да биде промотор на Мундијалот во Заливот монархија, а не неговата татковина.

Сето тоа се многу сериозни обвинувања, а останува да се види дали Аргентинецот во оваа прилика ќе проговори.

 

ПретходноКатастрофа за светскиот првак – Мундијалот е завршен за уште еден фудбалер!
СледноХоландскиот селектор ја повика сопругата на с*кс, ги заборави камерите (ВИДЕО)