ФИФА отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради навредливи песни од страна на навивачите на дуелот против Катар на отварањето на Светското првенство.
ФИФА покренува постапка во согласност со член 13 од Дисциплинскиот правилник, за „навреда на достоинството или интегритетот на земја, личност или група со испраќање непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“.
За ова прекршување казната е „суспензија од десет натпревари“ доколку станува збор за играч или официјално лице, како и парична казна „од најмалку 20.000 швајцарски франци“ (20.400 евра) и натпревар зад затворени врати доколку казната се однесува на некоја национална федерација.