Ханси Флик: Брутално сме разочарани!

311

Шок, неверување во цела Германија, но и во таборот на “панцерите“ по тие 1:2 на мечот со Јапонија. Ни во сон селекторот Ханси Флик и сите во репрезентацијата на Германија не помислуваа дека може на стартот од Мундијалот да бидат изненадени од Јапонија.
По мечот Флик не го криеше своето разочарување:

Брутално сме разочарани. Не само јас туку и сите во стручниот штаб и играчите. Имавме 78% од поседот во првиот дел и заслужено поведовме. Бевме доминантни, имаве многу шанси, но ете, не ги реализиравме. Секако дека ќе анализираме, сега знаеме што не чека и што треба да сториме, Сметам дека имаме квалитет да ја победиме Шпанија“ потенцираше селекторот на Германија.

ПретходноШироки преку Пелистер до прва радост во АБА 2-лига!
СледноГолови на ЕП: Сара Ристовска во ТОП-10! (ВИДЕО)