Репрезентацијата на Канада втор пат учестува на СП, а на првиот меч во Катар доживеа пораз од 1:0 против силната Белгија. Канаѓаните оставија одличен впечаток, достојно му парираа на ривалот, а имаа и повеќе шутеви на противничкиот гол, а утнаа и пенал за водство.
Во 11 минута по еден шут на Канаѓаните, белгиски фудбалер играше со рака па судијата покажа пенал. Офанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го изведе меѓутоа Куртоа одбрани.
Во 44 минута падна голот за Белгија. На асистенција на Алдевејрелд напаѓачот Мичу Батшуи го совлада канадскиот голман Милан Борјан.
Канаѓаните имаа шанси за гол, пред се Ларин, Коне, Лариеја меѓутоа топката не заврши во мрежата. Белгијците не блескаа, победија на искуство, ги освоија планираните бодови, меѓутоа ќе мора да се подобри затоа што по вечерашната игра не покажува дека може далеку да стигне.
Идното коло во оваа група играат Канада и Хрватска односно Белгија и Мароко.
GoalHighlight 🇧🇪Belgium 1-0 Canada🇨🇦 Michy Batshuayi 44′#CristianoRonaldo #Qatar2022 #wednesdaynetflix #GlazersOut #Ukraine pic.twitter.com/t4b41m26tE
— Officialseniorman (@Officialquwiyu) November 23, 2022
Thibaut Courtois saved Alphonso Davies penalty.🔥🔥
Belgium vs Canada
Watch the game live on 👇🏻https://t.co/3fxM3x8JuW
— World Cup Fans (@PLTV111) November 23, 2022