Екипата на Пелистер го запиша првиот пораз во АБА2-лига, откако беше поразен од последнопласираниот тим на табелата, Широки со 83-73. На другата страна за босанскиот клуб ова беше прв победа оваа сезона.
Дека ова ќе биде изедначена битка, најавата стигна во првата четвртина. Битолчани тргнаа според очекувањата поведоа со 8-16, по што противникот врати со серија од 8-0 и изедначи на 16-16. Пелистер успеа да го добие овој период со 22-25. Изедначната битка продолжи во следната четвртина на одморот беше 38-40 во корист на македонскиот тим.
Кошаркарите на Широки во третата четвртина одиграа на високо ниво, имаа позитива од 60-52, но на голема среќа битолчани успеаја да намалат на 60-58 пред стартот на последните десет минути.
Две и пол минути битолчани без постигнат поен, па Широки зголеми на 65-58. Хаџифејзовиќ ја прекина оваа серија, дојде на 65-62. Следеше период на грешки на двете страни, Широки беше поснаодлив, ги казнуваше грешките на битолчани, поведе со 77-67 на две и пол минути до крајот.
Реализацијата во редовите на Пелистер не беше на посакуваното ниво, имаа шанса избраниците на Илиевски. Широки поведе со 81-70 на минута и пол, најдобриот кошарка на македонскиот тим Хаџифејзовиќ мораше да ја напушти играта поради пет лични грешки. Не остана време за пресврт.