Јокиќ се врати, одржа час по кошарка, но Хрватот излезе како победник (ВИДЕО)

280

Никола Јокиќ се врати на терените по кратката пауза. Српскиот центар блескаше на дуелот против Детроит, беше на асистенција до трипл-дабл, но за жал тоа не беше доволно за победа. Неговиот Денвер беше поразен со 110-108. Јокиќ мечот го заврши со 31 поен, 10 скока и 9 асистенции.

За Нагетси ова беше трет пораз во последните четири меча, со седмиот пораз и 10 победи се наоѓаат на седмото место на табелата во Западната конференција.

На другата страна прво име кај победникот беше Бојан Богдановиќ, имаше 22 поени и 9 скока, еден помалку запиша Брукс.

Резултати: Филаделфија – Бруклин 115-106, Мемфис – Сакраменто 109-113, Денвер – Детроит 108-110, Феникс – ЛА Лејкерс 115-105.

ПретходноНавивачите во Катар со луди идеи, на секој начин се обидуваат да внесат алкохол!
СледноКатастрофа за светскиот првак – Мундијалот е завршен за уште еден фудбалер!