Вардар го победи Жељо, Комити уживаа…

1846

Пред околу 13.000 гледачи, вечерва на Арената во Скопје во рамките на прославата 75 години – Вардар и 35 години – Комити, нашиот најтрофеен клуб во пријателски меч го победи Железничар од Сараево со 2:0. Јаневски во 45.минута донесе водство, а потоа во 72.минута со голот на Парталко, Вардар ги постави конечните 2:0.

Иако ова беше пријателски меч, сепак да се победи еден од најпознатите клубови на овие простори не е мала работа, ако се знае каде е сега Вардар.

Во текот на целиот меч фановите на Вардар, Комитите и тоа како знаеја да го прослават двојниот јубилеј. Прво со феноменална кореографија, а потоа со фантастично пиротехничко шоу.

Скопје ова долго ќе го памети, да се знае кој е Вардар…

Спектакл на Арената: ЕДЕН е Вардар, а Комити се ЗАКОН! (ВИДЕО +ФОТО)

ПретходноМилер до новинарката: „Не знам Вие кој натпревар го гледавте…“
СледноИграч на Гана: Нејмар не е подобар од мене, само е попознат…