Вардар и Комити вечерва го слават јубилејот

512

ФК Вардар слави 75. години, а неговите верни Комити 35. години од своето постоење. По тој повод вечерва од 19:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, на ревијален натпревар ќе гостува еден од легендарните тимови од бивша Југославија, и лут ривал на Вадар со децении, ФК Железничар од Сараево.

Подготвена е голема фешта, односно спектакл во кој секако главна улога ќе имаат навивачите на Варда, Комитите, кои со месеци се подготвуваат за овој настан.
Кампањата која претходеше на овој јубилеј, и воедно ревијален настан ќе биде успешна затоа што се најавени десетина илјади навивачи кои заедно со својот омилен ФК Вардар ќе го проаслават овој голем ден за клубот.

 

ПретходноХрватска лоша, Мароко извлече „нула“
СледноМерит Хемпе: Македонија прекрасно ме прифати