Германија, еден од главните конкуренти за титулата на Мундијалот доживеа пораз од Јапонија со 2:1 и покрај тоа што имаше водство. По мечот пред камерите на АРД се најде Томас Милер кој се „спречка“ со новинарката Леа Вагнер.
„Имате ли чувство дека Германија не доминираше на целиот меч“, го праша новинарката Милер кој одговори:
„Доминиравме на целиот меч. Да, примивме два гола од 75. минута па до крајот, меѓутоа бевме супер-доминантни. Не знам каков натпревар вие гледавте пред тие јапонски голови, меѓутоа целиот меч имавме контрола“.
И покрај одговорот Вагнер сметаше дека Германија паднала во доминацијата од 60. минута…
„Да бидам јасен, не ги реализиравме нашите шанси, не бевме сконцентрирани ниту во нападот ни во одбраната. Јас се уште сум во мал шок по мечот. Мораме да се кренеме и да ги одиграме следните два меча најдобро што знаеме.
Во проблем сме, точно дека можеме да испаднеме, меѓутоа не сакам да размислуваме за тоа“, изјави Милер.
Германија ќе игра со Шпанија во 2. коло, а ако изгуби ќе испадне од турнирот после само два меча…