Македонските претставници во АБА2-лига, Пелистер и ТФТ денеска ќе продолжат со својата авантура во ова натпреварување. Битолчани се покажаа во одлично издание на „Златибор“, па целта е иста, да не се расипе впечатокот.
Избраниците на Марјан Илиевски во првиот термин (15 часот) го играат првиот меч во вториот „балон“, а имаат одлична шанса да ја запишат третата победа во низа, за противник го имаат тимот на Широки, кој нема ниту една победа.
За разлика од Пелистер, ТФТ пак се уште сонува за дебитанската победа во второлигашката јадранска конкуренција. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на стартот беше убедливо совладан од Златибор, денеска (18 часот) ќе има нова тешка задача. Крка која не знае за пораз е предизвикот за ТФТ.