Катар е далеку. За време на Мундијалот малкумина наши фудбалски “фаци“ можат да се пофалат дека се во Катар и го следат СП од лице место деновиве. Но тоа не важи за екс – селекторот Мирсад Јонуз и Влатко Андоновски – Шате, актуелниот селектор на женската селекција на САД. Тие денеска се сретнаа во Катар, тоа беше средба на некогашниот учител со својот ученик од времето кога и двајцата беа во Работнички пред околу 25 години.
Дружбата на нашите познати тренери ќе продолжи и во петок, во Ал Кор, каде заедно ќе ја следат средбата меѓу Англија и САД.