Вечерва од 20:00 часот на СП во Катар, во меч од 1.коло во групата – Г, се среќаваат Србија и Бразил. Мега – спектакл за фудбалски гурмани. Во Србија и во Бразил, како и во Катар кај фановите на двете репрезентации владее еуфорија.
Кога сме кај Србија малку да се потсетиме како беше во нивната соблекувална по онаа историска победа над Португалија на 14 ноември 2021 среде Лисабон.
Тогаш “орлите“ пееја во еуфорија – „Дајте ни го Бразил да си играме, играме…“.
Па ете им го Бразил вечерва од 20:00 часот, желбата им се исполни.
Ќе видиме дали ќе си играат…