Миовски до фановите на Абердин: Не размислувам за заминување!

244

По одличните игри сезонава, негова прва во шкотската Премиерлига, во дресот на Абердин, се појавија шпекулации дека Бојан Миовски би можел уште во јануари да го напушти клубот. Од раководството на Абердин посочија дека тој би можел да замине, но само некој плати најмалку 5 милиони фунти.

Јасно е дека Македонецот стана миленик на фановите на Абердин, па така тој најавите за заминување децидно ги демантира и со тоа им упати јасна порака:

Во моментов не размислувам за заминување. Со гордост играм за еден од најголемите клубови во Шкотска. Да, дефинитивно ќе ја завршам сезоната во Абердин и целосно сум фокусиран на пролетниот дел. Јас имам договор до 2026 година“ изјави за тамошните медиуми нашиот репрезентативен напаѓач.

Претходно“Некст Тајм“ пееја: Ја ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО…а Комитите во транс! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноГневниот Колина си зборуваше сам со себе! (ВИДЕО)