Вечерва репрезентацијата на Србија го отвора својто Мундијалски настап со мечот против Бразил во еден од најјинтересните дуели досега на турнирот во Катар. Се е подготвено за спектакл, а како најава доаѓа и поддршката од Русија за Србија, нивниот традиционален пријател.
На официјалниот профил на Фудбалската Федерација на Русија, на српски јазик стои напишано, „Среќно на Светското првенство, веруваме во вашиот успех браќа“.
Со ова Русите сакаат уште повеќе да ги мотивираат своите децениски пријатели, а кога веќе самите не можат да бидат дел од Мундијалот затоа што се суспендирани од ФИФА и УЕФА, тогаш барем според нив Србија нека направи успех.