Веспрем и ППД Загреб одиграа одличен меч во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони. Дуелот од групата А заврши со победа на Веспрем, на домашен терен беше подобар со 32-28.
Ова беше прва средба на Славко Голужа по кам-бекот на клупата на хрватскиот тим, и покрај добрата игра на неговите момци во текот на целиот меч, сепак целта не беше постигната.
Во првите минути од дуелот унгарскиот вицепрвак одржуваше позитива од еден до два гола, гостите се вратија во ритам, па на одморот заминаа со негатива од 16-15.Првата половина од вториот дел мина во изедначена битка, ППД Загреб остана без играч помалку, направи неколку грешки, па Веспрем успеа да дојде на плус три 24-21 и 27-24.
ППД Загреб не успеа да се врати целосно во оваа средба, дојде на два гола, а потоа целосно се урна. Веспрем ја запиша шестата победа оваа сезона, додека на другата страна петтиот пораз. Ненадиќ постигна шест гола, на другата страна Муса имаше пет.
Кил пропушти голема шанса да и го нанесе првиот пораз на Барселона оваа сезона. Успеа да дојде до предност од два гола во самиот финиш, но прими два гола набрзина за конечни 30-30 (14-18).
Барса до 53 минута доминираше на оваа средба, имаше предност од три гола 25-28 и влезе во криза. На другата страна Кил со серија од 5-0 поведе со 30-28. Серијата на технички грешки на крајот каталонскиот гигант за малку ќе го чинеше пораз, на голема среќа во последната минута Јанц и Фабрегас го прекинаа налетот на противникот израмнија на 30-30 и го запишаа првото реми оваа сезона. На другата страна Кил останува да жали за пропуштената шанса да дојде до целиот плен.
Екберг со девет гола беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна Блаж Јанц имаше пет погодоци.
На последната средба од терминот од 18:45 часот, Динамо Букурешт славеше против Висла со 32-28.