Вистината излезе на виделина: Александар Милојевиќ го доби Пиљафов на Суд за навреда и клевета!

2398

Пред неполна година, Васил Пиљафов го обвини комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ за злоупотреба на функцијата и несовесно и нечесно работење. Тој поднесе пријава за нерегуларности околу делегирањето за дуелот меѓу ТФТ и Работнички од минатата сезона во рамките на четвртфиналето одиграна на 15 мај. Според него лица од надвор барале преку судии да им се помогне на кошаркарите на ТФТ. Иако Работнички го добива овој меч со конечни 66:62, сепак, Пиљафов сметаше дека на истиот имало нерегуларности.

Милојевиќ кој има долгододишен стаж како домашен и меѓународен судија, а сега ја извршува функцијата на Комесар за натпреварување во КФСМ, одлучи на оваа клевета да стави крај и правдата да ја права преку правните иституции во Македонија, поточно на Суд, каде докажа дека е сторена навреда и клевета кон него од страна на Пиљафов. Неговите тврдења се неосновани, а Милојевиќ нема никаква поврзаност со ваквите обивнувања.

Пиљафов доби парична казна, но најважно својата одлука треба да ја достави до КФСМ, како и сите судии и делегати во мак-баскетот.

Во продолжение ви ја пренесуваме одлуката на Судот во Струмица.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Бартон “главен“ на дербито на Југот!
СледноИндијци се тепале затоа што се навивачи на Аргентина и Бразил