Дебакл на кошаркарките: Белгија ја порази Македонија со 112-41

197

Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша третиот пораз во квалификациите за ЕП 2023 година. Избраничките на Александар Ашаданов на гостувањето кај Белгија беа совладани со 112-41.

Овој дуел беше решен по само десет минути, во кои домаќинот постигна 34 поени, додека нашите кошаркарки само три, истите беа дело на Александра Стојановска. Во продолжение Белгија продолжи да доминира, Македонија за разлика од првата четвртина постигна 13 поени, па на одморот разликата беше 57-16. Новата Американка Мерит Хемпе имаше 0/7 реализација.

Вториот дел беше формалност, нашите кошаркарки се обидуваа да постигнат поголем број поени, додека на другата страна Белгија лесно го приведе дуелот. Со овој пораз Македонија остана без шанси за пласман на ЕП 2023 година,

Антиќ со 15 поени и 6 скока беше прв стрелец, зад неа беше Стојановска со 14 поени.

Следен противник на Македонија е Германија, мечот се игра за три дена во Скопје.

ПретходноНишто од сензација: Бразил, сепак, пресилен за Србија (видео)
СледноМагдебург ја продлабочи кризата во редовите на Порто!