Деби од соништата: Миркуловски тргна со победа во новата авантура и тоа против Кузмановски!

150

Филип Миркуловски во својот прв меч како главен предводник на Велцар запиша победа, тоа го стори на сметка на Хановер за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски.

Миркуловски на кормилото на Вецлар дојде пред неколку дена, раководството на клубот му ја довери тренерската улога откако не беше задоволно од неговиот претходник и секако изгледот на табелата, овој тим е 15 место.

Промената добро дојде, па Миркуловски имаше деби од соништата, Вецлар славеше со 23-26 за четвртти триумф оваа сезона во Бундес-лигата.

Вецлар во мечот влезе фуриозно поведе со 1-7, на другата страна Хановер немаше решение за ваквиот старт на противникот, па во првото полувреме постојано бркаше негатива. На одморот резултатот беше 10-14 во корист на тимот на Филип Муркуловски.

На стартот на вториот дел гостите поведе со плус шест (10-16 и 12-18), но Хановер постојано пристискаше на три минути до крајот дојде на минус два 21-23, но немаше сили за повеќе.

Кузмановски мечот го заврши со два гола од три обиди, зад своето име додаде уште две асистенции.

ПретходноВеспрем го урна ППД Загреб во финишот, трилерот меѓу Кил и Барса без победник
СледноСелекторот на Гана: Му честитам на Роналдо за подарениот пенал од судиите