Емболо ги реши „своите“: Швајцарија минимално по победа над Камерун (ВИДЕО)

209

Швајцарија го совлада Камерун со 1:0 (0:0) во групата „Г“ на Светското првенство во Катар. Во првиот денешен меч на првенството, Швајцарија која беше фаворит на хартија, успеа минимално со само еден погодок да ги грабне сите три бода.

Избраниците на Ригоберт Сонг одиграа добро и офанзивно во првото полувреме, создавајќи шанси главно преку крилата, но Чупо-Мотинг и Екамби не успеаја да го матираат швајцарскиот голман Зомер.

Во вториот дел Швајцарците беа поконкретни, а една грешка во поставеноста на одбраната на Камерун го реши мечот уште во 48. минута. Шаќири испрати центаршут по земја за Брил Емболо, кој остана сам на пет метри и ја смести топката во камерунската мрежа.

ПретходноРеал Мадрид не го сака Роналдо!
СледноШвајнштајгер удри по дефанзивците: Зуле направи почетнички грешки, тоа не смее да се повтори