Индијци, кои се декларираат како навивачите на репрезентациите на Бразил и Аргентина се степале во индиската држава Керала.
Инцидентот бил пријавен во неделата попладне. Полицијата отвори случај по пријавата за сериозни инциденти предизвикани од неидентификувани лица. Инцидентот е регистриран по видео во кое се гледа како изби тепачка меѓу групи навивачи на репрезентациите на Аргентина и Бразил за време на роуд шоу кое коенцидира со отворањето на Светското првенство во 2022 година.
Според полицијата, во близина на гробиштата во Керала, најпрво меѓу навивачите на Аргентина и Бразил дошло до расправија која набрзо прераснала во тепачка. Навивачите се степале прво со раце, а потоа и со стаповите од знамињата кои ги носеле. Нема пријави за потешко повредни лица.