Кристијано Роналдо постави импресивен рекорд против Гана

279

Кристијано Роналдо постигна гол на дуелот со Гана на отворањето на СП во Катар, а тоа значи дека постави рекорд кој ретко кој ќе го достигне. Роналдо е првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол на пет едноподруго светски првенства. Тој против Гана погоди од белата точка за победа од 3:2.

Капитенот ја отвори голеадата во 65. минута од белта точка. А во финишот на мечот Роналдо се претвори во селектор и покрај аут-линијата ги бодреше своите соиграчи. Истото го правеше и на ЕП 2016 година кога неговиот тим стигна до европската титула.

ПретходноБидна и првата навивачка тепачка во Катар (ВИДЕО)
СледноВеспрем го урна ППД Загреб во финишот, трилерот меѓу Кил и Барса без победник