Пред неколку месеци Ал-Наср, еден од најголемите клубови во С. Арабија имаше нестварна понуда до Кристијано Ронало. Се говореше за сума од 300 милиони евра за две години. Португалецот пред неколку денови во славното интервју призна дека имало таква понуда, но сепак се одлучил да остане во Јунајтед.
Сега, барем такви се шпекулаците, со оглед на тоа дека Португалецот во моментов е слободен, Ал-Наср тргна со сите сили по него. Некои информации велат дека понудата на пребогатите Арапи била нестварни 1,2 милијарди евра за три години. Или секој ден Роналдо би добивал по 1,1 милиони евра или пак 761 евра по секунда.
Јасно е дека оваа сума е преголема и за С.Арабија, но којзнае…
ЛУДИЛО, со еден збор.