Фудбалерите на Уругвај и Јужна Кореја го одиграа најлошиот меч не само во досегашниот тек на Мундијалот туку и во 92 години долгата историја на Мундијалите. Натпреварот заврши 0:0, а ова е прв пат еден меч да заврши без шут во рамките на голот.
Овој податок посебно чуди кога знаеме дека Уругвај има фантастични напаѓачи, од Луис Суарез, преку Единсон Кавани до Дарвин Нуњез. Нападот на Ј.Кореја го предводеше еден од најдобрите играчи на Премиер лигата Хјон Мин Сон.
Уругвајците беа поблиску до победата затоа што два пати ја погодуваа рамката од голот, еднаш преку Диего Годин, а втор пат преку Валверде. Сепак тоа не се шутеви кон голот затоа што такви немаше.
Од таа гледна точка, мечот можеби имаше динамика и обиди, но статистички е најлошиот меч на СП.
FIFA recorded ZERO shots on target during Uruguay vs. South Korea.
The first time that’s happened in a World Cup game this century 😢 pic.twitter.com/XXPcXCudFP
— ESPN UK (@ESPNUK) November 24, 2022