Репрезентацијата на Португалија предводена од Кристијано Роналдо на неговиот петти Мундијал ја оствари првата победа во Катар откако предмалку со 3:2 ја совладаа репрезентацијата на Гана.
По здодевното прво полувреме следуваше ревија на голови во вториот дел во кој Кристијано Роналдо по изнудениот пенал, успеа истиот да го реализира, и да ја доведе Португалија во водство.
Следуваше зрамнувањето од Ајев во 73. минута, само за „блиц криг“ на Португалците и двојно водство од 3:1 за само две минути од 78. до 80. минута. Жоао Феликс односно Леао погодија, а Букари намали на 3:2 и го постави конечниот резултат.