Реал Мадрид не го сака Роналдо!

182

Сега и дефинитивно се знае дека Кристијано Роналдо остана без клуб, со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Португалецот. Вчера во водечките медиуми во Шпанија, па и на Островот, се шпекулираше дека тој би можел да се врати на “Сантијаго Бернабеу“. И тоа барем до јуни, на шест месеци ако се знае дека “кралевите“ имаат проблеми со повредата на Карим Бензема, но и на некои други играчи од нападот.

Сепак утринава шпанскит весник “АС“ го демантира сите такви најави:

Враќањето на Роналдо во Реал Мадрид не е на дневен ред, ниту ќе биде. Од клубот уверуваат дека треба да се ужива во спомените кога Роналдо играше за нив, и дека неговото враќање не е можно. Едноставно не би имало смисла во поглед на новиот проект на Реал“ известува „АС“.

Претходно„Дајте ни го Бразил да си играме!“ (ВИДЕО)
СледноЕмболо ги реши „своите“: Швајцарија минимално по победа над Камерун (ВИДЕО)