Реми без голови и по бод за Уругвај и Ј. Кореја

85

Уругвај – Ј.Кореја 0:0 е епилогот од вториот меч денеска на СП во Катар. Репрезентацијата од Ј. Америка беше голем фаворит, ако се знае дека за нејзе играа(т) играчи како Суарез, Нуњез, Кавани, Валверде, но сепак Уругвај не успеа да стартува со победа во меч од 1.коло во групата – Х.

Уругвај беше тој ја имаше иницијативата, имаше и голема шанса кога Годин во 43.минута по шутот со глава ја погоди пречката на противникот.

Претходнио Хванг од само неколку метри не успеа да го погоди празниот гол на Уругвај.

Во 90.минута Валверде немаше среќа, упати “бомба“ но само во пречката. Во следната минута Сон имаше шанса за целосна сензација, но фудбалерот на Тотенхем не успеа да погоди.

Се на се здодевен меч, здодевно реми и еден од најслабите натпревари во досегашниот дел од Мундијалот во Катар.

Фановите на трибините на стадионот во Ал Рајан просто се досадуваа како и оние покрај ТВ екраните.

Натпревар кој брзо ќе се заборави. Јасно е дека во репрезентацијата на Ј. Кореја ќе бидат задоволни, тие одиграа одлично во дефанзивата, сакаа бод и дојдоа до тој бод.

ПретходноЛУДИЛО: Роналдо во С. Арабија би заработувал 1,1 милиони евра дневно!
СледноСудии за ВМФЛ: Бартон “главен“ на дербито на Југот!