Селекторот на Гана: Му честитам на Роналдо за подарениот пенал од судиите

1041

Гана стартуваше со пораз од Португалија со 3:2 на Мундијалот во Катар. Селекторот на Гана, Ото Адо беше бесен на судиите поради пеналот во корист на Португалија, кој Кристијано Роналдо го претвори во гол за водство од 1:0.

Разочаран сум. Точно дека поседот на топката беше на страната на Португалците, тие се добри во тоа, но ние бевме одлични во одбраната. Кога поведоа, се се смени. Мислам дека судијата погреши кога досуди пенал. Тоа ни ја искомплицира работата против тимот од светска класа. Како и да е, ние бевме храбри, бевме блиску до 3:3. Толку можам да кажам. Нула поени“, изјави Адо.

Роналдо постигна гол на петтиот Мундијал по ред, рекорд што изгледа никој нема да го достигне во блиска иднина.

Честитки за Роналдо и за рекордот. Веројатно затоа што е ѕвезда доби и подарок од судиите (пеналот). “.

 

 

ПретходноДеби од соништата: Миркуловски тргна со победа во новата авантура и тоа против Кузмановски!
СледноБразилците пристигнаа на мечот против Србија со дајриња (ВИДЕО)