Канада синоќа против Белгија, иако загуби одигра навистина одлично. И судиите со своите грешки “помогнаа“ Канаѓаните да загубат кои во најмала рака заслужија барем реми.
По мечот селекторот на Канада, Џон Хердман ги собра своите избраници на теренот и им говореше неколку минути.
“Им кажав дека ние припаѓаме тука, на овој Мундијал, и дека на следниот меч во недела ќе ја Е*ЕМЕ Хрватска. Јас сум горд на нив, знам што можат тие, само треба да се држиме заедно и да веруваме во успех“ изјави селекторот на Канада.