Непосредно пред стартот на денешниот втор меч на СП во Катар стигнаа и стартните состави за селекциите на Уругвај и Ј. Кореја. Не е необично кај Корејците да има по неколку фудбалери со исто презиме, но денеска е вистински раритет.
Цела дефанзивна линија на селекторот Паоло Бенто има презиме Ким! Згора на тоа, и голманот е со исто презиме, па тоа значи дека скоро половина од стартерите во јужнокорејската репрезентација имаат презиме кое завршува на Ким.