Фото од Катар: Јонуз со екс – голманот на Работнички, Вардар, Победа…ќе навиваат за Србија!

1272

Интересно е во Катар, посебно за Мирсад Јонуз, екс-селекторот на нашата А-репрезентација. Вчера во Доха беше во друштво со Влатко Андоновски – Шате, селекторот на женеската селекција на САД, по што се договорија утре заедно да ја следат средбата меѓу Англија и САД. Додека денеска е во друштво на Зоран Стојановиќ, некогашен српски голман инаку познат во нашиот фудбал како екс – член на Работнички, Вардар, Победа, Македонија ЃП.

Стојановиќ е веќе 15 години во Катар, работи како тренер на голмани во Ал Каритијат. Кога јас бев во Лусаил тренер постојано бевме во контакт. Му бев тренер во Работнички, од тогаш датира нашето пријателство. Јасно е дека вечерва заедно ќе навиваме за Србија на мечот со Бразил. Инаку Зоран моментално е `главен` за сите негови сограѓани кои се тука во Катар, како и за неговата репрезентација. Се што треба тој е тука за да им се најде. Ги поздравува сите фудбалски фанови во Македонија, и не се сомнева дека вечерва Македонија ќе навива за Србија“ ни изјави Јонуз од Катар.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе го суди дербито во Кратово
СледноТешко на коментаторите: Цела одбрана и голманот на Ј. Кореја се со исто презиме