Левиот бек на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Шахрани морал да оди на операција на панкреасот, откако претрпе застрашувачки судир со голманот Ал-Овејс при крајот на победата над Аргентина со 2:1.
Голманот на Саудиска Арабија се судри со бекот кој колабираше на теренот. Утврдено е дека Ал Шахрани има скршеници на вилицата и коските на левата страна од лицето, но и внатрешно крварење. На видеото што го објавија социјалните мрежи во Саудиска Арабија, тој се појави во болнички кревет и рече дека е добро.
Денеска од репрезентацијата известија за операцијата во официјално соопштение. Играчот беше подложен на процедура во болницата на Националната гарда во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Според службената белешка, процедурата била успешна, но тој се уште е под надзор на лекарите.