Швајнштајгер удри по дефанзивците: Зуле направи почетнички грешки, тоа не смее да се повтори

240

Некогашниот германски фудбалски репрезентативец, Себастијан Швајнштајгер, ка критикуваше играта во одбраната на германската репрезентација, која според него е главен виновник за поразот од Јапонија.

„Направивме големи грешки во одбраната“, изјави тој за АРД, додека го анализираше натпреварот. Според Швајнштајгер, Никлас Зуле потфрлил: „Кога некој е против тебе еден на еден, не го пушташ да влезе во шеснаесетникот, го затвораш внатре и го оставаш надвор. Зуле мораше да се справи со тоа. Тие грешки не смеат да му се повторат“, додаде тој.

„Сериозните грешки ги вратија Јапонците во игра и доведоа до голови во наша мрежа. Беше горчлив удар од јапонскиот тим кој жестоко се бореше, ја загубивме топката, имаше позиционирани грешки. Ова е недостаток на искуство и интелигенција. Сега треба да покажеме друго лице против Шпанија за да избегнеме уште една 2018 година“, заклучи Швајнштајгер.

ПретходноЕмболо ги реши „своите“: Швајцарија минимално по победа над Камерун (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе го суди дербито во Кратово