Добри вести за „Панцирите“, за Шпанија се враќа Лирој Сане

115

Она што и се случи на репрезентацијата на Германија во првото коло од Мундијалот, поразот од Јапонија со 1:2, секако дека претставува сериозен удар за нивните големи амбиции за овој турнир.

Атмсоферата нормално дека е разнишана во нивниот табор, и ако се тоа Германци сепак не може да се каже дека таков пораз не влијае врз психолошкиот момент, и секако притисокот кој се создава самиот по себе.

Во целата лоша ситуација во моментов добра вест за „Панцирите“ е што на денешниот тренинг се врати Лирој Сане и тој ќе биде во комбинација за мечот против Шпанија.

 

ПретходноПортугалија во „голеадата“ подобра од Гана (ВИДЕО)
СледноБидна и првата навивачка тепачка во Катар (ВИДЕО)