Супер – забава пред околу 13.000 гледачи синоќа на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Прослава по повод двојниот јубилеј, 75 години Вардар и 35 години Комити.
Пријателскиот меч со Жељо, кој Вардар го доби со 2:0 секако дека беше само како декор на се она што можеше да се види.
Интересно беше како тоа вардаровите фанови заедно пејат со капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски и капитенот на Вардар Филип Гачевски.
Сепак, врв беше изведбата на “Некст Тајм“ и нивната легенарда песна – Ја излези Ѓурѓи со која ги “фрлија“ Комитите во транс.
Вреди да се види.
Вистинско уживање.