Предмалку тимот на Е.Пелистер објави дека е потпишан нов договор со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ.
Бекот кој има само 19. години ја игра третата сезона во Е. Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.
Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во Битола.
„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“ – изјави Атанасијевиќ.