Буфон со порака до Иранците: Вие сте херои, со својата храброст вие ќе влезете во историјата!

2596

Легендата на италијанскиот и светски фудбал, Џиџи Буфон признава дека бил импресионира од тоа како Иран успеа да го победи Велс со 2:0 и тоа со голови во 108 и 111 минута.

Тој на социјалните мрежи се огласи и им честиташе на Иранците а притоа напомена дека за него тие се херои.

Со својата храброст вие ќе влезете во историјата. Денешната победа е знак на надеж и сила за оние во вашата земја кои се борат за слобода. За многу луѓе вие сте херои, за мене сте пример“ напиша Буфон.

Инаку овие негови зборови доаѓаат по се она што се случува во Иран, кога против режимот во таа земја простираа и самите репрезентативци.

ПретходноПелистер со феноменална последна четвртина до триумф над Осијек!
СледноЕ.Пелистер рутински против Јуниор Кисела Вода