Енер Валенсија одличен, Еквадор храбар, но само до бод со Холандија! (ВИДЕО)

133

Вечерва на “Калифа стадионот“ во Доха, во меч од 2.коло во групата – А, селекциите на Холандија и Еквадор одиграа 1:1. Интересен меч, на моменти и квалитетен. Посебно се истакна Енер Валенсија, кој уште еднаш одигра навистина квалитетно и беше стрелец на еден гол.

А се почна идеално за „лалињата“. Имено Коди Гакпо уште во 6.минута “распали“ по топката и ја затресе мрежата на Еквадорците. Младиот Гакпо уште еднаш покажа дека е екстра класа. Ова беше негов втор гол на шампионатот.

Кога се очекуваше дека Еквадор ќе падне во по овој ран примен гол, сепак не се случи. Енер Валенсија и другарите ја отворија играта, убаво комбинираа, а токму Валенсија во 32.минута убаво шурираше, но противничкиот голман уште подобро одбрани. Во 45+4.минута ВАР го поништи гол на Еступиан, па така Холандија на пауза замина со водство од 1:0.

Се играше четврата минута од второто полувреме кога Енер Валенсија стапи на сцена и стрелаше убаво за 1:1. Ова за него беше третиот гол на пренството или шести во серија за својата селекција на мундијалите. Шест голови постигна Еквадор и сите шест се дело на Енер Валенсија.

Во 58.минута две шанси за Еквадор. Прво Енер Валенсија не успеа да погоди, а Плата ја погоди пречката место мрежата на Холандија.

Во финишот на мечот Еквадор беше тој што инсисираше на втор гол, на победа, но сепак на крајот мечот заврши без победник.

На крајот да кажеме дека Енер Валенсија мораше поради повреда да го напушти теренот поради повреда.

Сега и дефинитивно се знае дека Катар е првата селекција на турнирот кој нема веќе никакви шанси за пласман во следната фаза.

ПретходноСава Радиќ: Струга ТЛ ја очекува тежок меч во Кратово, се надевам дека ќе ги освоиме трите бода
СледноФИФА: Стадионите на Мундијалот се исполнети со 94 насто!