Иран со 2:0, и со двата гола во судиското продолжение во 98 и 101 минута успеа на спектакуларен начин да го победи фаворитот Велс. Иран одигра фантастично, во целост го надигра составот на Велс на чело со Герет Бејл кој сега е пред испаѓање ако се знае дека сега има еден бод а во последнит меч игра со Англија.
“Бомбата“ на Чесми прво, а потоа и со голот на Резаеиан селекцијата на Иран победи со 2:0, историска победа за нив и три бода.
Иран во последното коло игра се САД, има голема шанса за првпат во својата историја да се пласира во следната фаза на еден Мундијал.
ФОТО: Twitter