Нејмар заврши со СП во Катар? Лекарите ќе чекаат два дена за конечна проценка на повредата

360

Докторот на бразилската фудбалска репрезентација, Родриго Ласмар, изјави дека ќе бидат потребни меѓу 24 и 48 часа за нова проценка на степенот на повреда на Нејмар, кој го повреди десниот скочен зглоб на вечерашниот натпревар против Србија на Светското првенство.

„Ќе треба да чекаме меѓу 24 и 48 часа за да имаме втора проценка за степенот на повреда и евентуалното отсуство на Нејмар. Тој веднаш почна со физиотерапија, а утре повторно ќе биде на преглед. Сега треба да почекаме, не смееме да кажеме нешто однапред“, изјави Ласмар.

Бразил ја победи Србија со 2:0 во првото коло на Мундијалот, а Нејмар го повреди десниот зглоб по дуел со Никола Миленковиќ.

Нејмар веќе го повреди тој зглоб во 2019 година, поради што ја пропушти Копа Америка. Во второто коло Србија во понеделник од 11 часот игра против Камерун, а од 17 часот Бразил со Швајцарија.

ПретходноАмериканска компанија купи бундеслигашки клуб
СледноДенеска на СП: Американците се „визата“ на Англија за втората фаза