Принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фајсал, министер за спорт на Саудиска Арабија, рече дека земјата ќе ја поддржи понудата на приватниот сектор за купување на еден или двата англиски гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пишува британски Телеграф.
Неодамна стана јасно дека сопствениците на двата клуба, кои се Американци, размислуваат за продажба на клубовите и поддржуваат нови инвестиции. Њукасл, кој исто така е дел од Премиер лигата, веќе е финансиран од саудиски конзорциум.
Во меѓувреме, Турки Ал Фаисал изјави дека е подготвен да го пречека Кристијано Роналдо во локалната лига. 37-годишниот напаѓач е во потрага по нов клуб откако се раздели со Манчестер Јунајтед по контроверзното интервју со Пирс Морган.
Ал-Наср е една од екипите кои е сериозна во намерите да го убедува Роналдо за преселба во оваа азиска земја.