И покрај тоа што цел фудбалски свет гледа и забележува дека посетеноста на трибините на стадионите во Катар за време на Мундијалот и не којзнае каква, сепак денеска ФИФА излезе со реакција дека посетеноста е задоволителна и дека таа изнесува 94 насто од капацитетот.
Ова доаѓа по конфузијата околу тоа колкав е навистина капацитетот на сите стадиони во Катар. Од ФИФА објаснуваат дека тој е поголем од она што се претставува. Па така стадионот во Лусаил примал 88.966 гледачи а не 80.000 како што беше кажано.
Сепак, без разлика се очигледно е дека трибините не се полни, па дури и кога игра домашната селекција. Денеска тоа најубаво се виде на мечт меѓу Катар и Сенегал, кога на трибините имаше не мала бројка празни места.
Инаку досега најпосетен меч бил оној синоќа меѓу Бразил и Србија кого го гледале во живо дури 88.103 лица на стадионот во Лусаил со платени билети или речиси 100 насто од капацитет.