Англија не успеа да ги победи САД

172

Уште еден по малку изненадувачки резултат на текониот Мундијал во Катар. Предмалку, репрезентацијата на Англија одигра само 0:0 против селекцијата на САД, иако пред стартот на овој дуел, а со оглед на настапот на „Гордиот Албион“ во првото коло, се сметаше за огромен фаворит.
Сепак, тоа не само што на терен не беше така, туку САД одигра „егал“, а на моменти беше и подобар противник. Кристијан Пулишиќ во првиот дел од мечот ја погоди гредата, а и во продолежнието на мечот Американците имаа свои моменти.

За разлика од нив, Англија со оглед на огромните очекуваења кои ги има од овој турнир одигра далеку под своите можности, не реализираше, и автоматски не обезбеди втор триумф во Катар.

 

ПретходноНено скромен во новиот триумф на Уникс
СледноОфицијално: Магдевски си замина од МЗТ Скопје Аеродром